На Балканот сѐ уште е актуелно воведувањето на забрана за пушење на јавни места, при што многу страствени пушачи се гневни на новите мерки, сметајќи го тоа за упад во нивното право на избор и сметаат дека е дискриминација што мора да излегуваат надвор за да уживаат во својата доза никотин. Од другата страна се луѓето кои сметаат дека пушачите неправедно го загрозуваат и нивното здравје. Оваа жителка на Сараево спаѓа во првата категорија.
„Го имам тоа кафе и таа една цигара со него, па сега и по тоа удираат. Невкусно! Ако треба, ќе пушам додека не цркнам“, вели огорчената Сарајлика. „Јас убаво би замолила за пристојност. Ако ти се пуши – пуши. Ако не ти се пуши, немој да ме дискриминираш. Јас никому не бранам да се дрогира, или да оди со проститутки, па и мене да не ми бранат кога сакам да испушам една цигара.“