Еден од најпочитуваните научници на денешницата вели дека нашол доказ за постоењето на „сила која управува со сѐ.“ Теоретскиот физичар Мичио Каку тврди дека развил теорија која посочува кон постоењето на Бог. Оваа новост на големо ја разбранува научната заедница бидејќи Каку се смета за еден од најзначајните научници на нашето време, еден од луѓето кои ја развиле револуцинерната „теорија на струните“, која е високо почитувана низ светот.
За да дојде до овој заклучок, физичарот употребил нешто што тој го нарекува „примитивни полукружни тахјони.“ Тахјоните се теоретски честици способни да ја „одлепат“ материјата на универзумот или вакуумскиот простор меѓу честиците на материјата, при што сѐ бива ослободено од влијанијата на универзумот кој ги опкружува.
По завршувањето на тестовите, Каку дошол до заклучок дека ние живееме во „Матрица“.
„Заклучив дека живееме во свет сочинет од правила создадени од некаква интелигенција“, потврдува тој. „Верувајте ми, сѐ што денес го нарекуваме случајност утре нема да има никаква смисла. Мене ми е јасно дека постоиме во рамките на некој план управуван со правила кои биле создадени и обликувани од универзална интелигенција, а не од некоја случајност“, вели научникот.