Распаднати подови, муви и болви ја полазиле запуштената куќа на компулсивни собирачи на кучиња. Кога ги ослободиле кучињата, можеле да се видат мопсови, чивави и јоркширски териери како се тресат од страв кога биле изложени на надворешниот свет, бидејќи првпат во нивните животи ја имале можноста да излезат од куќата.
Кучињата биле најдени на полици, под креветите, па дури и меѓу ѕидовите во куќата на Шарлин и Џозеф Хендрикс. Властите велат дека била во очајна состојба, нарекувајќи го најлошиот ваков случај кој го виделе во историјата на областа Монмаут. Подовите биле прекриени со урина и фекалии и смрдеа го исполнувала воздухот, толку лоша што дури и соседите почнале да се жалат. Но, властите реагирале дури откако било забележано едно од кучињата кое успеало да избега.
Откако никој не се јавил на вратата, властите ја повикале локалната служба за превенција на суровост кон животните. Следното утро почнале да ги изнесуваат кучињата од куќата, вклучувајќи и едно кое се пораѓало, како и дваесет други кучки кои биле бремени. Џозеф и Шарлин Хендрикс најверојатно ќе се соочат со обвиненија за необезбедување на ветеринарна грижа и соодветни услови. Хендриксови ќе се соочеле со уште потешки обвиненија доколку бил најден и некој мртов или екстремно изгладнет пес, но за среќа такво нешто немало.