За само осум години, Спејс Икс ќе почне да праќа луѓе на Марс. Илон Маск, директорот на компанијата, вели дека очекува првото испраќање на човечка мисија на Црвената Планета ќе се случи во 2024 година, при што ракетата на Марс ќе пристигне во 2025 година. Мисијата ќе биде спроведена со помош на ракетата „Летачки Змеј 2“, на којашто ќе ѝ бидат потребни околу 18 месеци да стигне на планетата. Со роботизираните мисии ќе се започне во 2018 година, по што тие ќе се повторуваат на секои 26 месеци.

msk

Но, тој истакнува дека кога веќе еднаш ќе се решите да патувате низ вселената, враќање назад нема! „Нема капацитет за враќање на Земјата, тоа јавно го кажуваме. Ако одбирате место каде што ќе умрете, тогаш Марс не е лош избор“, вели Маск. Самиот Маск сѐ уште не бил на пат во вселената, но вели дека планира да го стори тоа во следните четири до пет години.

msk01 msk02

Сподели на Facebook
пати видено