– Жено, што бараат овие дупнати кондоми на каучот?!
– Барем дома можеш да ги викаш децата по имињата!!!

– – – – – – –

– Колку си тешка?
– Нема да ти кажам!
– Ајде де, барем првите две цифри…

– – – – – – –

– Ти брат, што ѝ зеде на твојата за роденденот?
– Илјадарка од платата…

– – – – – – –

– Госпоѓице, вие толку многу личите на мојата прва жена…
– Навистина? А колку жени сте имале?
– Ниту една!

– – – – – – –

Гробар одвај се враќа дома целиот исцрпен.
– Како си драги? – Го пречекува загрижена жена му.
– Некој си, ја погребуваше тештата, па 7 пати ја викаше на бис…

– – – – – – –

– Другар што ти станало бе, да не си полудел? Од кога почна ти да носиш градник?
– Откако жена ми ми го најде во автомобилот.

– – – – – – –

Ѝ пишуваш на Фејсбук:
– Здраво, како си?
Таа си фаќа дечко, одат 3 години, потоа раскинуваат и ти враќа:
– Добро, ти како си?

– – – – – – –

– Како така одеднаш почна да јадеш месо? Нели пред неколку месеци ми кажа дека си вегетаријанец?
– Вегетаријанец сум, ама денес постам!

– – – – – – –

– Зошто градежните работници не одат на плажа?
– Затоа што кога ќе видат толку многу песок, веднаш се враќаат да донесат повеќе цемент!

– – – – – – –

– Мамо, од каде потекнуваме?
– Бог нè создал…
– Но тато ми кажа дека сме настанале од мајмуните…
– Па, татко ти раскажува за своите роднини, јас за моите!

Сподели на Facebook
пати видено