Едно бебе, чијшто јазик пораснал двојно поголем од големината на неговата уста, како последица на ретко генетско нарушување, конечно може да се смее откако проблемот бил решен по хируршки пат. Лејла Кинг од Сент Луис, САД, страда од Беквит-Видеманов синдром, наследно нарушување при кое јазикот расте со ненормална големина. Овој нејзин проблем бил забележан уште додека таа била во утробата на нејзината мајка.
Нејзината мајка, Даниела Јангберт, мислела дека Лејла нема да преживее, бидејќи била родена четири седмици пред време и морала да биде приклучена на апарат за дишење. По долга борба и по две операции, јазикот конечно ѝ е намален во нормална големина и нејзината мајка е пресреќна што може да ја гледа како се смее.