Велат дека љубовта со пари не се купува. Еден богат човек од Кина со сигурност ја научил оваа лекција. Една млада жена од Гуангжу наводно се заканила со развод на нејзиниот богат сопруг откако ѝ се смачила од бројните правила во нејзиното отмено семејство. Жената ги изгорела сите нејзини скапоцени чанти коишто нејзиниот сопруг ѝ ги купил, по што уследила расправија пред нивната куќа.
Сликите од овој настан биле објавени во голем број кинески медиуми. Според медиумите, жената е познато како Сјао Тонг и е студентка во своите дваесетти години. Чантите кои ги изгорела биле од Луј Витон, Прада и Хермес. Мажот потекнувал од богато трговско семејство, додека жената потекнува од посиромашно семејство, но сепак, и покрај сиот луксуз, ѝ се смачило од бројните строги правила кои ѝ биле наметнати во новиот дом.