Инцидентот се случил во 2012 година кога двајца полицајци го запреле возилото што го управувал 48-годишниот Арнолд Блек. Полицајците се посомневале дека тој пренесува дрога и му ставиле лисици. Според зборовите на Блек, едниот од полицајците бил во пијана состојба и почнал да го удира со палката по главата. Потоа го однеле во полициската станица и го притвориле под посебни услови. Таму прележал цели 4 дена без храна и вода.
Дрога не му нашле, а тој поднел тужба против властите на Ист Кливленд барајќи соодветна оштета. Како што се утврди во текот на судскиот процес, овој 4 дневен притвор му нанел трајно оштетување на мозокот на Блек, дури правел и една операција.