Далај Лама предупредува дека Европа ризикува губење на својот идентитет со тоа што прими премногу мигранти, и предупредува дека „Германија не може да си дозволи да стане арапска земја“. Духовниот водач вели дека бегалците би требало да останат само привремено, а потоа да се вратат на своите огништа за повторно да ги изградат своите татковини разурнати во конфликтот.
Далај Лама, кој и самиот е во изгнанство веќе половина век, вели: „Кога ќе погледнеме во лицето на секој бегалец, особено на децата и жените, можеме да видиме дека страдаат. Човечкото суштество кое има малку повеќе среќа од нив е должно да им помогне. Од друга страна, сега ги има премногу.“
Германија минатата недела прими 1,1 милиони луѓе побегнати од војните во Сирија, Ирак, Авганистан и други земји од Блискиот Исток. Во интервју за Алгемајне Цајтунг, тој вели: „Европа, на пример Германија, не може да стане арапска земја. Германија си е Германија! Толку се многу што на практика тоа создава тешкотии. И од морална гледна точка мислам дека бегалците би требало да останат таму само привремено.“