Двегодишно момче од Индија е подложено на лекување на предвремен пубертет, поради кој има целосно развиени полови органи и срамни влакна. Арш Актар од Делхи, северна Индија, страда од ретко нарушување поради кое половата зрелост ја достигнал уште на осумнаесет месеци. Иако почнал да покажува симптоми на ран пубертет уште кога имал шест месеци, неговите родители ги игнорирале симптомите, мислејќи дека тој само е големко дете.
„Растеше неприродно“, вели неговата мајка Шабнам. „На возраст од четири месеци тој изгледаше како дете на една година, а кога наполни една година, изгледаше како неговиот братучед кој е на три години. Мислевме дека тој едноставно расте побрзо од другите деца. Но, нашата загриженост се зголеми кога забележавме дека му растат срамни влакна, како и дека гениталиите му растаат неприродно, и тоа на возраст од осумнаесет месеци. Арш ни е прво дете, па така немаме многу познавања за тоа, но мојата свекрва, која што одгледала неколку деца, ни предложи да посетиме лекар.“
Додека да го одведат на лекар, на Арш веќе почнале да му растат влакна по лицето и телото, почнал да покажува насилно и агресивно однесување, а добивал и сексуален нагон и болни ерекции. Неговиот татко Васим, кој е сопственик на интернет кафé и заработува до 130 евра месечно, вели дека посетил неколку државни болници, но никој не можел да му помогне. На крајот закажале преглед во приватна болница во Делхи, иако трошоците го надминувале нивниот буџет.
„Состојбата на мојот син стануваше сериозна и морав да го одведам на добар доктор. Државните болници не можат да го решат нашиот случај, па така морав да извадам од семејните заштеди.“
Д-р Ваишки Рустаги, педијатар ендокринолог и специјалист за хормони при болницата Макс, вели: „Кога ме посетија пред шест месеци, тој имаше крајно високо ниво на тестостерон. Нивото беше како на дваесет и петгодишен маж. Голема несреќа е тоа што му се случило на толку млада возраст, бидејќи не можеше да разбере што му се случува, па така често стануваше насилен и агресивен.“
Арш веќе шест месеци минува низ терапија за блокирање на хормони. На почетокот мислеле дека неговата состојба е резултат на тумор, но тестовите се покажале негативни.
„Јас лично никогаш не сум видела ваков случај порано“, вели д-р Рустаги.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!