Човек од Њујорк бил снимен на систем за видео надзор како со крстест клуч за автомобилски тркала го претепува човекот кој се обидел да ја силува неговата сопруга. Шеесет и едногодишниот Мамаду Диало ја паркирал својата кола пред неговата зграда, кога му се јавила неговата преплашена жена, велејќи дека човек упаднал во нивниот стан во Бронкс и се обидел да ја силува. На снимката се гледа како полуголиот Ерл Неш (43) чекори кон лифтот откако избегал од станот на Диало кој се наоѓа на шестиот кат во зграда во Клермонт Вилиџ, по што гневниот маж го напаѓа.
Бившиот затвореник Неш, кој бил без кошула и се чини како да си ги крева панталоните се обидува да изгета во лифтот, но Диало продолжува со бруталното удирање, претепувајќи го до смрт. Подоцна истата вечер, Диало бил уапсен под обвинение за убиство, по што обвинението било изменето во „физички напад“, а на крајот и ослободен.
Полицијата вели дека Неш, кој имал долго криминално досие, се протнал низ влезот на зградата околу 10 часот вечерта во понеделник, искористувајќи го моментот кога некој жител ја отворил. Тропнал на вратата на Диалови, барајќи чаша вода, и кога жената ја отворила вратата, насилно влегол внатре, удирајќи ја 51-годишната Ненегејл со стол по глава, за потоа да ѝ ја искине облеката кога таа се стрчала кон вратата викајќи помош. За среќа, во станот се наоѓала и нејзината сестра, и двете жени некако успеале да го совладаат напаѓачот, по што тој се обидел да избега, но бил пресретнат од бесниот сопруг.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!