Давор Дујмовиќ најмногу го паметиме по улогата на Перхан во филмот „Дом за бесење“, но и по улогите во „Топ листа надреалиста“. Давор е роден во Сараево и засекогаш му останал прекарот Перхан. Улогата по која останал препознатлив ја добил сосема случајно. Кога бил второ одделение во нижо музичко училиште, имал обичај да наврати кај својот татко кој тогаш работел на пазарот Маркале.

„Бевме сиромашни, немав инструмент, но мојата мајка ја познаваше чистачката во училиштето која ноќе ми ја отклучуваше училницата и таму вежбав“, раскажувал Давор.

Во блискиот ресторан, каде што отишол на сок, влегле и Емир Кустурица и неговиот асистент. Асистентот го прашал таткото на Давор дали и тој може да учествува на аудицијата за филмот „Татко на службено патување“, и тој се согласил, по што тргнало пробното снимање, каде што се покажало дека е совршен за улогата.

dd01

После филмот „Татко на службено патување“, решил да се запише на филмска академија. Не му успеало и после тоа не се обидел повторно. Со неполни 18 години Давор станал главниот актер во следниот филм на Емир Кустурица – „Дом за бесење“, после кој бил прогласен за еден од најдобрите пет актери во Европа. Го споредувале со Дастин Хофман, но во почетокот на 90-тите се навлекол на дрога. Неколку пати се обидел да се излечни, но без успех.

дd02

Во тој период изјавил: „Тоа што го носи хероинот не би му го посакал ни на најголемиот непријател. На почетокот беше – јас сум мал и љубопитен, но љубопитноста во овој случај се плаќа со зависност.“

Војната го затекнала Давор во Сараево, откаде што се преселил во Белград. Таму снимил уште неколку филмови, од кој напрепознатливиот е „Подземје“ (Underground). По завршувањето на војната заминал во Бања Лука, каде што го основал фондот за култура на Република Српска, кој подоцна го добил името „Давор Дујмовиќ“.

После Бања Лука заминал во Словенија, и тоа кај девојката со којашто живеел во последните неколку месеци на својот живот. Слободното време го минувал во природа со коњи, се борел со силна депресија и алкохолна зависност. На 31 мај 1999 година извршил самоубиство со бесење во Ново Место. Тогаш имал триесет години.

Сподели на Facebook
пати видено