Според Брет Сандерс од Тексас, тој возел само 10 км/час над дозволената брзина, а полицаецот кој го запрел место да го предупреди, намерно го казнил со 212 долари. Ова е неговата одмазда која долго време ќе се раскажува на интернет и ќе инспирира многу незадоволни возачи.
Брет најуредно отишол во полиција да си ја плати казната, но носејќи 2 кофи. Кофите биле полни со ситни парички и имало точно 212 долари.