Маж и жена слават 80 години брак. Телевизија, новинари ја прашуваат бабата:
– Како успеавте да живеете толку години со овој човек?
– Кога ме зеде од дома, ме качи на коњот, на тргнување коњот се сопна и тој рече „еден“. На средината на патот коњот повторно се сопна и тој рече „два“. На влезот во неговиот двор коњот пак се сопна, тој ме симна од него, рече „три“ и го застрела. Јас изненадена го прашав зошто го застрела коњот, а тој рече „еден“…