Русинката Танзалија Бисембаева го прослави 120-тиот роденден. Таа вели дека е родена во 1896 година во селото Алча во Јужна Русија. Ако чува документ да го докаже ова нејзино тврдење, ќе биде прогласена за најстариот човек кој некогаш живеел на планетата. Рекордот сега за сега го држи 116 годишната Италијанка Ема Морано.

Според нејзините најблиски, тајната за долговечноста на баба Танзалија е тоа што „Таа никогаш не седнува, не пуши и јаде само она што тие го произвеле на нива.“

Бабата цели 60 години работела на нива, ја преживеала Руската Револуција, 1 и 2 Светска војна, смртта на своите двајца сопрузи, како и на нејзиното прво дете на млада возраст.

01

02

03

04

05

06

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено