Прочитајте какви сѐ невообичаени закуски сакаат луѓето низ светот. Некои ќе ви звучат интересно и би сакале да ги пробате, други… па и не баш толку.

Салмиаки (Данска, Финска, Холандија)

z01

Во основа се работи за солен производ од брашно со екстракт од т.н. слатко дрво (Glycyrrhiza glabra). Ефектот е како од сос од соја да направите бонбони. Но затоа се ужасно популарни во Данска, Финска и Холандија.

Канико (Јапонија)

z02

Од земјата која на светот му подари милион различни видови на Kit Kat ни доаѓа Канико – грицки од ракчиња. Ако ги сакате популарните „рипчиња“, зошто да не отидете чекор потаму и да пробате вистински карамелизирани и засолени морски животни?

Ескамолес (Мексико)

z03

Оваа закуска популарна околу Мексико Сити можеби ќе ве излаже дека се работи за некаков вид на грав или нешто слично. Можеби ќе ве заведе со вкусот на путер и кога веќе половина сте ја изеле порцијата, некој ќе ве извести дека се прави од ларви од мравки, по што се исправате пред дилемата: дали да го дојадам ова, бидејќи е вкусно, или да си заминам и да се преправам дека никогаш не се случило.

Хакари (Исланд)

z04

Овие грицки направени од ферментирано месо од ајкула е всушност едно од националните јадења на Исланд. Со оглед на отровната природа на месото од ајкула, грутките месо се оставаат да се расипат и потоа се конзервираат во текот на 4-5 месеци, со што се отстрануваат токсините.

Бундеџи (Кореја)

z05

Корејците воопшто не се ни мачат да го прикријат фактот дека се работи за кукли на свилени буби. Подготвени на пареа и зачинети, се служат по штандовите и баровите насекаде низ Кореја. Дури и самото име буквално значи кукла.

Фалафел Бисли (Израел)

z06

Популарните израелски пченични грицки ги има со најразлични вкусови и форми и се прават од пченично брашно.

Морско прасе (Перу)

z07

Оние коишто имаат морско прасе за милениче можеби тешко ќе го проголтаат овој перуански специјалитет.

Мармит (Англија)

z08

Мармит се крцкави и солени грицки од пивски квасец. Вкусот им е толку силен што слоганот на овој бренд гласи „Ги сакаш или ги мразиш“.

Касу Марцу (Италија)

z09

Можеби ќе си помислите дека се работи за некаква погача, но всушност ова е едно од најконтроверзните сирења во светот. Се подготвува така што намерно се дозволува во него да се изведат ларви од муви, што на сирењето му дава особен вкус и текстура. Додека го јадете, се случува некоја од ларвите да скокне, што е сосема очекувано, бидејќи никој не сака да биде изеден жив, нели?

Жукси Гао (Тајван)

z10

Овие популарни колачиња се прават од ориз и крв од свиња. Навистина неочекувана комбинација.

Куркуре палави домати (Индија)

z11

Можеби се должи на слаткиот силен вкус на овие грицки, или пак на нападната рекламна кампања со стар перверзен човек. Како и да е, овие грицки си го пробиле својот пат во домот и срцата на индискиот народ.

Тавук Ѓогсу

z12

Тавук Ѓогсу е пудинг од млеко и пилешко, омилен десерт на Турците уште од времето на Османлиското царство. Да, добро прочитавте – десерт, од Турција, кој се приготвува од млеко и пилешко.

Чипс со вкус на виски и хагис (Шкотска)

z13

Чипсот го има во секакви вкусови, но овој чипс во себе го содржи сето она што се смета за шкотски вкус.

Сендвич со сирова харинга (Холандија)

z14

За љубителите на суши ова ќе биде интересен предизвик – сендвич со сирова харинга со краставички и кроммид. Се работи за еден од омилените оброци во Холандија, кој се смета за холандско национално јадење.

Сало (Украина)

z15

Просто се работи за засолена свинска сланина, која несомнено е многу вкусна.

Чипс со вкус на јагнешко и нане (Нов Зеланд)

z16

Од сите егзотични вкусови (пилешко и вафли, кафе итн.) Ета постигнале најголем успех со чипсот кој има вкус на печено јагнешко, а некои сметаат дека и навистина може да биде замена за ручек или вечера.

Пржена тарантула (Камбоџа)

z17

Пржењето ги прави нозете на тарантулата тврди, надворешноста на телото крцкаво, а месото во внатрешноста меко и сочно, во кое се содржат органи, веројатно јајца и…измет. Вистински деликатес!

Балут (Филипини)

z18

Веројатно погодувате, ова е неизведено пајче, кое се вари во луспа од јајце (типично во сос од чили, лук, оцет и сол).

Сладолед со вкус на риба и помфрит (Австралија)

z19

ОК, во случајов воопшто не се работи за популарна закуска и всушност овој, да го наречеме така, специјалитет, поминал многу лошо кај критиката. Интересното кај овој сладолед е што воопшто нема вкус на риба и помфрит, и не е баш сигурно каков вкус има, освен дека вкусот му е ужасен, според впечатоците на тие што го пробале.

Палачинка со кобасица и чоколадни мрвки на стапче (САД)

z20

Во САД оваа интересна комбинација уште се нарекува и корн-дог, и се сервира со кечап или сенф.

Тејто чоколадо со вкус на кромид и сирење (Ирска)

z21

Чипс со вкус на сирење и кромид може да биде и вкусна закуска, но чоколадо?

Столетни јајца (Кина)

z22

Столетните јајца се прават така што со јајцата се прави сѐ она што не би требало да го правите со храна. Ова значи да ги чувате во луспи од ориз, глина, вар, пепел и сол со недели, а понекогаш и месеци. Но кога ќе ги извадите од таму, можат веднаш да се јадат.

Чипс со вкус на кавијар (Русија)

z23

Нема ништо пософистицирано и луксузно од кавијар, а на сосема спротивната страна стои простиот компир. А кога ќе ги искомбинирате – добивате нешто што не е по сечиј вкус.

Муктук (Гренланд)

z24

Ништо не е поголем предизвик од коцки смразно сало и кожа од кит. Барем за ескимскиот народ Инуити.

Кобасица од риба и сирење (Јапонија)

z25

 

И пак се враќаме во Јапонија, кадешто чудното нема граници. Ако ништо друго, секој знае риба и сирење не се мешаат. Но во Јапонија многу не се грижат за ова и спакувале бакалар и сирење во кобасица.

Сподели на Facebook
пати видено