Момчето кое ги освои срцата на илјадници луѓе откако на интернет се расчу дека неговите соученици не сакале да го земат со себе на матурската прослава и наместо тоа го оставиле да оди сам и пеш по дождот, сега од своите соученици е обвинуван дека сето тоа е долна лага! Една од неговите соученички потврдува дека не се во добри односи, но дека тој самиот си е виновен за тоа.

матурант

Според неа, класот одамна знаел за неговите проблеми и максимално го толерирале, му помагале во сѐ за што ќе ги замолел, а за возврат тајно ги снимал нивните разговори и ги заплашувал дека ќе ги објави во медиумие. Претурал по личните работи на класната и ја заплашувал дека ако не добие добри оценки, ќе била отпуштена.

Но, и покрај сето тоа, тие му помогнале со трошоците за матурата, бидејќи им кажал дека тој нема можност да го стори тоа. Според девојката, сѐ што во претходните денови било кажано за Кристијан е лага. Не ги прашал соучениците за превоз. Таа тврди дека ќе го зеле со себе, и покрај лошите односи со него.

Така напишала Лиа Катерова на својот профил во Фејсбук. Приказната со „момчето во сивиот костум“ се рашири со брзина на лавина, но која е вистината за сето ова? Дали поради обид да ја прикрие својата непопуларност, малку излажало, по што со трогателната објава на Фејсбук се здоби со големи симпатии од илјадници луѓе, или пак неговите соученици во обид да ја прикријат нивната бесчувствителност се уште посурови кон него? Ќе видиме дали времето ќе покаже…

Сподели на Facebook
пати видено