Замислата да седите на маса заедно со мечка тешка 130-тина килограми за повеќето луѓе е доволна да им се изгуби апетитот. Но, за едно семејство од Русија ова е секојдневен живот, и тоа не само за на мечката да ѝ го дадат преостанатото јадење. На прв поглед Светлана и Јуриј Пантелеенко се чинат како и секоја нормална брачна двојка, и тогаш дознавате за нивниот 23-годишен мечок Степан.
Високо повеќе од 2 метри, големото животно е толку припитомено што често седи заедно со семејството додека гледаат телевизија. Мечката дури и им помага низ куќи, наводнувајќи ги растенијата во градината. Степан добива богат оброк, но неговото омилено јадење е канче кондензирано млеко, бидејќи многу сака слатки нешта. Но, си добива и 25 килограми риба, зеленчук и јајца, што значи дека подготвувањето на оброк во домот на Пантелеенкови никогаш не е лесно. Светлана и Јуриј го усвоиле Степан кога имал само три месеци. Велат дека поради тоа што се заедно долго време, мечката е мирна и исклучително нежна, при што често сака да се гушка и гали со нив на каучот.