Крв по подот и ѕидовите – овие ужасни фотографии се од детското прибежиште каде што социјална работничка од Шведска беше убиена од страна на човек кому му помагала. 22-годишната Александра Межер искрварила до смрт откако била избодена, затоа што се обидела да прекине тепачка помеѓу двајца мигранти за кои се грижела. Межер, која само што дипломирала психологија, била убиена на 25 јануари во центарот за деца бегалци без придружба, во Мелндал, предградие во Гетербург. Ова сурово убиство предизвика шок во Шведска, како и низ целиот свет. Убиецот Јусуф Калиф Нуур, барател на азил од Етиопија, на властите им кажал дека не се сеќава на случајот. Од овие грозоморни слики се гледа дека девојката се борела со него.
Крвавите траги посочуваат дека таа се обидела да избега од него, успевајќи да исползи до кујната, каде што била прободена со таква сила што ѝ била пресечена артеријата. Натурализираната Швеѓанка, која по потекло е од Либан, потоа успеала да се извлече до ходникот, барајќи спас во спалната соба, каде што на белите чаршафи натопени со нејзината крв, ја изгубила битката за својот живот.
Нуур тврдел дека има петнаесет години, за да си обезбеди место во домот. Но, истражните лица утврдиле дека тој има најмалку дваесет и една година, ако не и повеќе, што значи дека воопшто не ни требало да биде во тој центар, кој е наменет за тинејџери од четиринаесет до седумнаесет години. По извршувањето на казната, Нуур ќе биде депортиран во Етиопија. Сведоците велат дека девојката го молела со зборовите: „Не, Јусуф, не“, цело време додека тој безмилосно ја бодел.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!