Сопругата ја сервира вечерата.
Сопругот:
-Драга, презентирај!
Таа застанува мирно и почнува да крши прсти зад грб:
– Пааа… Леќа, со морковчиња… и малку лук за мирис!
– Хм… Леќа? Со морковчиња? А каде е мојата омилена салата со ракија? Каде ми е омилено филе со печурки? Душо, одиш на поправен испит!
Вечерта во спалната влегува мажот и ја соблекува бањарката. Жената го гледа и вели:
– Драги, презентирај!
– Пааа… Виршла „Мека“, со две јајца и мајонез!
– Хм… Виршла? Мека? И јајца? Каде ми е омилената банана, со сочни мандаринки и засладена со крем? Драги, одиш на елиминации…

Сподели на Facebook
пати видено