Наоми Џаел од Германија неодамна споделила фотка од себеси како го дои нејзиниот 10-месечен син за време на свадбата на нејзината пријателка. 21-годишната мајка ја споделила фотографијата на Инстаграм, со коментар: „Кога сте на свадба, носите отмен фустан и потпетици, а вашето бебе ќе огладне. Е па…не му ја мислите многу и го храните детето.“
Фотографијата наскоро се раширила по интернет и била споделена од илјадници родители низ светот. Откако заработила близу 5000 лајкови за фотографијата, г-ѓа Џаел го додала насловот на фотографијата за да им се обрати на сите кои не се согласувале со тоа што доела за време на свадба. „Го доев синм ми и во црква. Луѓето овде во Германија не се лутат поради тоа“, вели таа. „Тоа е нормално, нема ништо непристојно тука. Затоа и имам гради! Бидејќи Бог ми дал дојки да ги дојам своите бебиња!“
Илјадници искоментирале на фотографијата, при што некои ја фалат, а други критикуваат. Вие што мислите?