Според некои научници, Чимборазо во Еквадор е всушност доста повисока од Монт Еверест. Малку се врвовите во светот кои би можеле да се споредат со зашеметувачките спектакли и предизвици на Еверест – официјално највисоката планина во светот. Но, дали тоа е заслужено и дали рекордот за највисока планина е недоразбирање?
Изгледа дека хималајскиот џин е надвишен од повеќе други планини, а особено од Чимборазо во Еквадор, која е значително повисока.
Причината за ова лежи во тоа што Чимборазо се наоѓа во близина на Екваторот, кадешто Земјата, којашто не е совршена топка, е поиспакната отколку на Хималаите кадешто се наоѓа Еверест. Сепак, Монт Еверест сѐ уште е највисоката планина, мерено од нивото на морето, но Чимборазо е повисока ако како појдовна точка се зема центарот на Земјата – како и некои други планини. Мауна Кеа на Хаваи е исто така повисока планина од Монт Еверест, мерено од подножјето до врвот на планината, но бидејќи поголемиот нејзин дел е под вода, не се смета како една од највисоките планини во светот.
Сепак, во поглед на предизвиците за искачување, Еверест останува една од неоспорените фаворити.