– Тато, кој ти кажувал кога да менуваш брзина, каде да свртиш, како да си го ставаш ременот кога уште не си бил женет?
– – – – – – –
– Драги, овој пешак е самоубиец! Веќе пет минути бега пред нашиот автомобил! Што да правам?!
– Душо, обиди се да слезеш од тротоарот…
– – – – – – –
– Тато, тато, Циркусот дојде!
– Не, татино, не. Тоа се матурантите.
– – – – – – –
Седат две плавуши и едната ѝ вели на другата:
– Денеска правев тест за бременост!
Втората прашува:
– Прашањата тешки ли беа?
– – – – – – –
– Мамо, си ми ги видела ли некаде штитниците за колена?
– Аууу, некој ќе вози ролери?
– Не, ќе одам на забава со едни дечки!
– – – – – – –
Вегетаријанецот не јаде колбаси, бидејќи мисли дека заради нив се убиени слатки мали животинчиња. Невегетаријанецот исто така не јаде колбаси, бидејќи знае дека ниту едно животно не е убиено заради нив…
– – – – – – –
Имам големо семејство! Три деца… Две од мене и едно од свекрвата!
– – – – – – –
– Како е ќерка ти, уште ли не е мажена?
– Па, што да ти кажам? Ја пробуваат, ја фалат, но никој уште не ја зема!
– – – – – – –
Ако мислите дека е непријатно да купувате кондоми, прашајте ме мене како ми беше вчера, кога одев да ги враќам во аптека… зошто ми беа големи.
– – – – – – –
Шефот ѝ вели на плавушата:
– Исчисти го лифтот!
Плавушата прашува:
– А на сите катови ли?