Илон Маск од Тесла, коосновачот на Ејпл, Стив Возниак, Демис Хасабис од Гугл и професорот Стивен Хокинг се меѓу 1000 експерти за вештачка интелегенција кои неодамна потпишаа одтворено писмо во кое го предупредуваат светот за опасностите од милитаризираните роботи и „користењето на вештачка интелигенција во трката за вооружување“, којашто во моментот е во тек меѓу светските воени сили.

Според писмото, „Вештачката интелигенција досегна точка можноста за активирање на автономизирани оружја е доста висока и изводлива во текот на следните неколку години, а не децении, и ризикот е голем. Автономните оружја се опишуваат како трета револуција во начинот на војувањето, после барутот и нуклеарното оружје.

sh

Крајниот резултат на нашата технолошка патека е очигледен: автономните оружја ќе станат калашниковите на иднината. Клучното прашање за човештвото денес е дали да се започне со глобална трка во вооружување со воена вештачка интелигенција, или тоа да се спречи“, се продолжува во писмото.

Сегашната воена технологија која е достапна на владите во светот веќе е огромна закана за планетата и за секој кој живее на неа, и очигледно е, стои во писмото, дека додавањето на вештачка интелигенција во воениот арсенал би можел трката за вооружување да биде уште позастрашувачка.

На многу луѓе им е тешко да сфатат колку е блиску остварувањето на ова сценарио, но водечките експерти во индустријата, коишто имаат длабоки познавања и разбирања за технологијата и нејзиниот развој, можат да ја видат опасноста која ја претставува воената примена на роботите. Како ќе се справи со ова прашање е крајно сложено бидејќи не постои механизам преку кој пошироката јавност на било која земја би била сигурна дека владите не развиваат воена вештачка интелигенција.

Тоби Волш, професор за вештачка интелигенција во Универзитетот на Нов Јужен Велс сугерира дека Обединетите Нации размислуваат за забрана на овие оружја, но ваквата забрана само би осигурала дека земјите припаднички на ОН и НАТО би имале ексклузивен пристап до воената вештачка интелигенција, на сличен начин како што Обединетите Нации сега го забрануваат развивањето на нуклеарно оружје, а во исто време поголемите НАТО земји продолжуваат да го развиваат.

Решението за овој проблем не се разгледува од ниедна влада и ниедна владина агенција која би имала директна корист од ваквите ултрамодерни оружја, но писмото потпишано од 1000 врвни експерти во таа област секако е позитивен чекор во таа насока.

Сподели на Facebook
пати видено