Ирански судија наводно му кажал на еден осуденик на смрт: „Ако си невин, ќе одиш во рајот кога ќе те обесиме.“ Реза Хусеини од Коохдат, бил еден од четворицата луѓе кои биле погубени на 3 мај во северен Иран поради обвиненија во врска со дрога. Пред неговото погубување било спроведено судење кое траело две минути, по што бил прогласен за виновен и осуден на смрт во затворот Гезел Хесар.
На краткиот судски процес, 34-годишниот осуденик цело време инсистирал дека е невин, на што судијата Тајерани му кажал дека ако навистина е невин, ќе оди во рајот пред да биде погубен. Во својот тестамент, кој бил посведочен од организацијата „Ирански човекови права“, Хусеини инсистирал дека е невин и го спомнал коментарот направен од судијата. Неговата жена, Азаде Гераванд додала дека тој бил измачуван и не му давале да се види со семејството пред да го убијат.
„Наркотиците спомнати во досието на Реза биле најдени од страна на властите во домот на наш сосед кој ние не го ни познаваме. Единствената причина поради која Реза беше уапсен е поради тоа што влезе во физички судир на паркиралиштето пред нашата куќа. Во првите денови на неговата затворска казна, Реза беше подложен на измачување и испрашување. Не ни беше дозволено да го посетуваме сѐ додека не беше пренесен во затворот Гезел ХЕсар. Но, дури и таму, не ни беше дозволено да го посетуваме, сѐ додека не навршат единаесет месеци од неговото затворање.
Кога сфативме дека смртната пресуда ќе биде извршена, јас и мајката на Реза некако успеавме да извозиме 840 километри до затворот, за да го видиме за последен пат. Но, кога пристигнавме таму, властите не ни дозволија да го видиме. Наместо тоа, тие нѐ навредуваа.
Мојот сопруг го праша судијата: `Зошто да се изјаснам како виновен кога сум невин?“ И тогаш судијата му одговори: Ако си невин, тогаш ќе одиш во рајот кога ќе те обесат.“
Во Иран секоја година се обесуваат неколку стотици луѓе под обвинение за поседување и тргување со наркотици.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!