На почетокот на 2. век, римскиот император Трајан водел две успешни воени кампањи против моќната Дакија крај реката Дунав, кадешто сега се наоѓа денешна Романија. Дакијците биле постојана закана за Римската империја уште од деновите на Цезар. Две столетија подоцна, по дивјачко ограбување на римска населба и понижувачкиот пораз на претходникот на Трајан, Римјаните се обиделе со мировни прговори со Дакијците. Кога тоа не успеало, новиот император Трајан повел десетици илјади римски трупи преку реката Дунав, преку голем мост кој бил изграден специјално за потребите на инвазијата, и двапати ги поразил Дакијците на домашна почва.
Победата над Дакијците била пресвртен настан во деветнаесетгодишното владеење на Трајан. Благодарение на освојувањето во Рим донел богат плен во злато, што помогнало во финансирањето на понатамошното проширување на Рим. До времето на неговата смрт, Римската империја ги достигнала своите максимални граници во историјата.
Во спомен на победата, римскиот сенат го кренал високиот Трајанов столб во Рим, на кој во барелјеф се издлабени најзначајните моменти во Дакиските војни. Барелјефите се нижат во 200-метри долга спирала која се протега од дното, па сѐ до врвот на столбот, формирајќи продолжителен расказ за воените подвизи на императорот. На врвот на столбот се наоѓала бронзена статуа на Трајан, но во 1588 година таа била заменета со статуа на Св. Петар. Столбот стоел среде пространиот плоштад познат како Трајанов форум, опкружен со галерии од коишто можеле да се гледаат различните нивоа на спиралата. Форумот и спиралата биле завршени во 113 г. н.е.
Од основата до капителот, спиралата има вкупно дваесет и три свитоци, и содржи над 2500 фигури и 155 сцени, при што Трајан се појавува речиси шеесет пати во различна улога; како заповедник на армијата, како им пресудува на затвореници или одржува воени овети. Изненадувачко е тоа што има само неколку сцени од битката. Наместо тоа, голем број од сцените покажуваат изградби и церемонии одржани од војниците, како и фигури на тврдини бродови, оружја, војници итн. Претставувањето на насилство врз непријателот е исто така ретко, но има една бизарна сцена во која се прикажани дакиски жени како мачат римјански маж.
Некои научници сугерираат дека отсуството на воени сцени од една страна, и прикажаните сцени на градење од друга, е пропаганда наменет за урбаното население на Рим (примарната публика), пораади нивниот страв и недоверба кон армијата. Некои од клучните сцени го прикажуваат минувањето преку Дунав, патот на Трајан до Дунав, предавањето на Дакијците на крајот на првата војна, големиот обреден чин на поднесување жртва крај мостот на Дунав за време на втората војна, нападот на дакискиот главен град и смртта на дакискиот крал Декебалус.