Човек ја опишал својата агонија кога пенисот му пукнал за време на сексуален однос. 32-годишникот бил одведен со итна помош во Њу Делхи откако слушнал гласен звук на пукање за време на дивиот сексуален однос – и тогаш почувствувал остра болка. Кога пристигнал во болница, видел дека пенисот му е искривен под под чуден агол и му бил целосно црн, што се должело на повреда во ткивото на пенисот и изливање на крвен сад, што довело до потекување и помодрување.

pn01

Веднаш бил упатен на итна хируршка интервенција за да се дренира вишокот на крв собран во пенисот и да се санира штетата. Фрактура на пенисот се јавува при силно виткање, кое може да се случи при особено жив сексуален однос или мастурбација. Од 1924 година во светот биле забележани вкупно 1600 случаи, отприлика околу 16 случаи годишно.

пn03

Минатата година бразилски истражувачи утврдиле дека „јавачката поза“ е најчест причинител на оваа опасна и непријатна повреда. Заспоредба, „кучешката поза“ е одговорна за 29 отсто од ваквите случаи, додека „мисионерската поза“ за 21.

pn02

Докторите предупредуваат дека кршењето на пенисот може да доведе до сериозни проблеми, меѓу кои еректилна дисфункција, бидејќи може да се јави попречување на протокот на крвта во пенисот, што доведува до неспособност за ерекција. Исто така, може да дојде и до искривување на пенисот и оштетување на нервите во гениталиите.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено