Германската полиција известува дека пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел била оставена свинска глава врз која била напишана навредлива порака. Пораката ѝ била директно упатена нејзе, но полицајците не ја соопштуваат содржината бидејќи таа е дел од криминалната истрага.

am

Г-ѓа Меркел останува најмоќниот политички лидер во Европа, но нејзината популарност во родната Германија многу опадна во последните неколку месеци. Според анкета објавена минатата недела од INSA, речиси половина од Германците не би сакале таа да добие четврт мандат по изборите следната година.

Падот на нејзината популарност делумно се припишува на нејзината либерална политика кон пристигнувањето на бегалците во Европа. Минатата година повеќе од еден милион луѓе од Африка, Блискиот Исток и Азија се најдоа во Германија. Но, тоа не се одразило замо на личниот рејтинг на Меркел туку и на двете партии кои ја сочинуваат германската „голема коалиција“, при што гласачите се повеќе се дистанцираат од политиката на владечкиот естаблишмент, чијашто популарност е најниска од завршувањето на Втората светска војна.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено