Контроверзната хируршка процедура ќе се случи во Кина, најдоцна следната година. Хирургот кој ќе ја изведува процедурата, д-р Серџо Канаверо, упорно стои на ставот дека и покрај ограничениот успех за време на тестовите со животни, трансплантирањето на нечија глава на ново тело е не само возможно, туку на пациентите со хендикепирачки болести ќе им понуди нова шанса во животот.
Во овој прв случај, пациент ќе биде триесетгодишниот Валери Спиридонов, компјутерски научник од русија кој страда од генетска мускулна атрофија, наречена Вердниг-Хофманова болест. Во еден од најхрабрите хируршки зафати во историјата, д-р Канаверо и неговиот тим од 150 доктори планираат целосно да ја извадат главата на Спиридонов и да ја прикачат на телото донатор. Процедурата ќе трае од 36 часа нагоре, со никаква гаранција за успех. Но, не сите се оптимисти дека сѐ ќе се одвива според планираното.
„Не би му го посакал ова на никој“, вели д-р Хант Батјер од Американската асоцијација на неврохирурзи. „Никому не би му дозволил тоа да ми го стори мене, бидејќи има многу нешта кои се полоши од смртта.“