Развиен од меѓународен истражувачки тим од Институтот за технологија на Масачусетс, Шефилдскиот универзитет и Токискиот институт за технолгија, соодветно наречениот „оригами робот“ може да се голтне како пилула направена од мраз и да се активира во стомакот штом мразот ќе се истопи. За време на неодамнешните обиди извршени во имитација на стомак, роботот бил тестиран во поглед на активирањето и движењето, при што бил управуван со помош на далечински управувач кој работи на магнетски полиња.
Оваа технологија би можела да се покаже како особено значајна при лекувањето на пациенти, особено мали деца, коишто случајно голтнале разни работи, нешто што се случува особено често. Покрај тоа, роботот може да се доразвие, по што би можел да извршува и хируршки интервенции на тешко достапни места.