Слепилото може да биде несреќно заболување, но не мора да биде попреченост. Земете го за пример Даниел Киш, човек кој безбедно го вози својот велосипед низ својот град – без воопшто да може да гледа каде оди.

Како што може да се види од видео клипот во прилогот, Даниел употребува ехолокација – слично како делфин или лилјак – како звучен систем со помош на кој „гледа“ каде оди. Имено, тој прави звуци со устата кои се одбиваат од пречките пред него, и на тој начин тој ги избегнува опасностите.

Иако невообичаената способност на Киш прави да изгледа како супер-херој, има и други кои ја усовршиле оваа вештина. На пример, во 2007 година, 14-годишниот Бенџамин Андервуд се нашол на насловните страници поради неговата способност да спортува и забавува како и другите деца – кошарка, лизгање, карате, видео игри – и покрај тоа што е целосно слеп. Неговиот вид му го украло канцерогено заболување уште на двегодишна возраст, но и тој ја усовршил ехолокацијата и на светот му покажал дека ништо не е невозможно кога човек има страст и силна желба да живее добар живот.

Сподели на Facebook
пати видено