Тесниот буџет вообичаено наметнува ограничувања во летниот одмор, но еден патнички блогер открива како успеал да резервира одмор во најубавите одморалишта во Азија, вреден 25 000 долари, плаќајќи само 2000 долари.  Гилберт От и неговата жена Лора Барнс платиле само дел од вистинската цена на нивниот деветодневен одмор, и тоа нема да патуваат во економската класа ниту ќе ноќеваат во валкани хостели. Ќе си пивнуваат шампањско за време на удобниот лет во бизнис класата, а ќе преспиваат во хотели со пет ѕвездички во одморалишта во Токио, Ханој, Бангкок и Хонг Конг. Уште повеќе, ова не е само обична мечта за обичниот патник. „Секој би можел да го прави тоа“, вели Гилберт От.

pt01

Преку внимателно планирање, како и способност и волја да се соберат илјадници наградни поени за редовните патници преку нови зачленувања со кредитна картичка или промоции, От, основачот на веб страницата „Бог да ги чува поените“ (God Save the Points), успеал да ја намали цената за луксузниот одмор за 92 отсто.

pt04 pt10

Насобирајќи толку многу наградни поени за користењето на авиолинии или хотели, парот успеал да заштеди навистина многу. От, кој пишува блог со совети за другите патници, и Барнс, која е тренер за тенис, и двајцата од Лондон, ќе летаат од нивниот дом во Њујорк до Токио, па потоа во Ханој, Бангкок и Хонг Конг, пред да се вратат назад во Големото Јаболко.

pt08 pt09

За ова насобрале 200 000 поени, и потрошиле само 366 долари за летови кои инаку би ги чинеле повеќе од 23 000 долари, доколку би платиле во готово. Истиот принцип го примениле и за хотелските сместувања, при што добиле две бесплатни ноќевања во Риц-Карлтон за време на нивниот престој во Јапонија, и едно бесплатно ноќевање во Ханои, откако платиле за тројца за целосен износ од околу 300 долари, што инаку би ги чинело над 1000 долари.

pt12 pt11

Во цената на нивното патешествие не се вклучени 1000 долари коишто ги трошат годишно за таксите за кредитни картички со помош на кои ги собираат потребните поени за луксузното патување. Но, благодарение на тие 1000 долари, заштедиле повеќе од 15 000 долари, што е навистина пристојна инвестиција.

Сподели на Facebook
пати видено