Еден италијански дизајнер смислил радикален концепт кој се стреми идејата за суперјахти да ја крене на нови височини – доколку некој од светските тајкуни се реши да му се направи една ваква. Со издигната кабина, оваа јахта од 150 метри, наречена Шадаи би го кренала сопственикот и неговите, или нејзините, гости од морето во небото, од кадешто ќе имаат можност да уживаат во неверојатните глетки од кренатата кабина која има тераса од 104 квадратни метри.
Дизајнерот Габриел Теруци, кој се обидел да мисли надвор од шаблоните за неговиот најнов концепт, вели дека кабината, заедно со базенот, ресторанот и барот, би биле совршено место за гледање на зајдисонце.
„Од таа височина ќе можат да го досегнат чувството на повисока моќ, опкружени со бесконечноста на морето и небото. Згора на сѐ, бесконечниот базен произведува визуелен ефект на безгранична вода која се слева со небото.“
Теруци предвидува јахтата да биде опремена со најфини луксузности, вклучувајќи материјали и ткаенини од врвните италијански модни куќи.