Во еден одамна заборавена подрумска просторија на стар манастир во Полска лежи една од најмрачните тајни на Втората светска војна, држана далеку од љубопитните погледи веќе подолго од седумдесет години. Бидејќи овде, под до половина изградениот манастир на Милосрдните сестри на Шлезија, бил командниот центар на нацистичкото чудовиште Фриц Брахт, човек кој во смрт пратил илјадници затвореници во Аушвиц.

bn01

Закопан девет метри под земја и заштитен со таван од еден метар, ова е местото адешто Брахт, човекот кој од обичен градинар се издигнал до позицијата на еден од најдоверливите луѓе на Хитлер, се криел додека заканата од сојузничките бомби висела во воздухот за време на Втората светска војна.

bn02 bn03

Во тоа време, бункерот можел да скрие до 200 луѓе во било кое време. Нацистите биле толку горди на овој нивен команден центар, што дури пишувале за него во еден весник од 1944 година. Сепак, и покрај тоа што имало стотици луѓе коишто знаеле каде се наоѓа поранешниот бункер во Полска, по војната неговата местоположба останала мистерија.

Откако некој им го посочил местото, новинарот Тарнш Боровка и воениот експерт  д-р  Мирослав Веки од Шлезискиот универзитет, го нашле бункерот скриен под манастир во Катовице, југозападна Полска. Брахт го запоседнал манастирот во 1941 година, седум години по неговата изградба. Католичката црвка била брутално потиснувана од нацистите, при што многу свештеници биле убиени, затворани и депортирани.

bn04 bn05

Заштитени зад дебелите ѕидови, со влезот скриен под специјален поклопец и далеку од инсдустријализираниот север на градот, Брахт знаел дека тоа е совршено место за команден штаб. Под силно обезбедување, ова место се сметало за едно од најбезбедните и служело за таен склад за украдените добра.

bn06 bn07

За време на Првата светска војна, Брахт завршил како воен заробеник, по што бил ослободен во 1919 година. По војната, работел како механичар и наемен работник, за потоа да се приклучи на Нацистичката партија на 1. јули, 1927 година. Тој бргу се искачил во хиерархијата. Откако Хитлер ја зазел власта во Германија, бил назначен за заменик во Рајхстагот, пред да биде назначен за гаулајтер, регионален партиски водач, чин кој можел да му биде доделен единствено од Хитлер.

bn08 bn09

На почетокот, тој бил под команда на гаулајтерот Јозеф Вагнер, но во 1941 година, Вагнер бил обвинет дека е прикриен католик, по што бил наследен од Брахт. Вагнер подоцна бил уапсен од Гестапо, под сомнение дека бил дел од заговор за атентат врз фирерот. Умрел под сомнителни околости во 1945 година.

Кога Вагнер му бил тргнат од патот, Брахт започнал да врши безмилосна политика и присилна германизација низ целиот регион, кадешто од локалните Полјаци бил наречен „кокот“, погрден израз за машки полов орган. Во март 1941 година, заедно со Химплер отпатувале во Аушвиц, кој се наоѓа на само четириесет минути југоисточно од Катовице, со цел да извршат инспекциска проверка на логорот на смртта, во кој тогаш биле затворени околу 10.900 луѓе.

bn10

По неговата посета, Химлер наредил проширување на постоечкиот логор и изгадба на нов оддел во блиското село Бжежинка, кој од Германците бил наречен Аушвиц 2-Биркенау. Во 1942 година тие се вратиле да го набљудуваат истребувањето на Полјаците и Евреите во гасните комори во Биркенау, за потоа да појдат во вилата на Брахт во Катовице, кадешто си уживале во вечерата заедно со Рудолф Хес, главниот командант на Аушвиц.

Брахт, познат како Ѕверот од Аушвиц, ја стекнал довербата на врвните претставници на нацистичката партија, пред сѐ Јозеф Гебелс, главниот организатор на пропагандата на Хитлер, кој Брахт го нарекувал еден од најдобрите, а во 1944 бил унапреден во обергрупенфирер, при што Аушвиц потпаднал под негова директна надлежност.

bn11 bn12

Но, како што воените околности почнале да се свртуваат против нацистите, и кога сојузниците почнале да ја бомбардираат Шлезија, Брахт го преместил својот штаб во напуштената скривница во недоизградениот манастир, кој бил на кратко од растојание од центарот на Катовице. Ова се сметало за идеално место, како поради својата близина и пристапност, како и поради тоа што мислеле дека сојузниците нема да бомбардираат, бидејќи се работи за помалку индустријализиран регион.

bn13

Сѐ се одвивало во таква тајност, што дури и локалните жители не знаеле што се крие зад дебелите ѕидови. Штабот бил наречен Gau-Haus – скратено за Gauleiter Haus – Дом на Гаулајтерот. Но, како што Советската црвена армија минувала преку Полска кон Краков и Аушвиц, се ближел крајот и за Гаухаус. Брахт и останатите нацисти очајно сакале да ги скријат ужасите кои ги сториле во логорите на смртта.

Решиле да ги евакуираат логорите и да ги натераат затворениците да маршираат преку Полска во Германија, при што инсистирал да бидат избрани само здравите способни за долг марш, најмалку 20 километри дневно. Првите затвореници го почнале својот смртоносен марш на 17 јануари, 1945 година. Повеќе од 50 000 затвореници марширале 64 километри до малиот град Воѓислав Слонски на чешката граница. Околу 15 000 од нив умреле на смрзнувачките температури под нулата. Тие кои преживеале биле натоварени во товарни возови и испратени во концентрационите логори Маутхаузен и Бухенвалд. Бидејќи Црвената армија се приближувала, Брахт и неговата жена Паула избегале во малиот град Кудова Здрој, на 240 километри оддалеченост од Катовице, каде што на 9 мај изршиле самоубиство.

bn14

Бункерот во Катовице бил претворен во склад, кој потоа бил запоставен и неговата мрачна улога за време на војната била заборавена. Но, повоените документи набавени во локалните архиви покажуваат дека местото служело како бункер во случај на бомбардирање и како команден центар.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено