Перверзниците кои своето време го минуваат праќајќи непристојни пораки на луѓе кои не ги познаваат толку многу изнервирале една жена од Лос Анџелес што решила да се состане со некои од нив и да ги сними со камера. Во видеото „Ловци на перверзници“, триесет и едногодишната Џеси се решава да се сретне со луѓето кои пишуваат нешта како „изгледаш добра за БИИИП“ и слично, на популарните апликација за запознавање.

pr01

Но, на нејзино големо изненадување, а веројатно и на изненадување на многу други жени – некои од нив се навистина фини луѓе. Осамена и изморена од чекањето да се појави „Г-н Вистинскиот“, Џеси отворила сметка на сајтот Тиндер, со цел да си најде животен сопатник. Но, наместо тоа се нашла во свет на простотии. „Бараш ли голем БИИП да си играш?“, ја прашал еден човек. „Изгледаш добра за БИИП“, ѝ напишал друг. Други ја канеле на орален секс или пак ја прашувале дали сака да ја плескаат по задникот.

pr02

Повеќето едноставно ги игнорираат ваквите пораки, но Џеси, фасцинирана, договорила лажен состанок со сите нив во иста ноќ, поставувајќи видео камера за да им ги снима одговорите. Многу од мажите едноставно си заминале кога ја виделе камерманската екипа – но тројца останале да поразговараат.

Првин малку ги задевала. Ветувањето да биде добра во „кучешка поза“ коешто го побарал еден од нив на Тиндер – при што Џеси се искачила на масата – го оставила да седи посрамен. А кога на друг му понудила да му ја исполни желбата да ја наплеска по задникот, тој ѝ одговорил: „Чекај, сериозна си?“

pr04

И така, момците полека почнале да си ги отвораат душите. „Мислам дека онлајн, тоа е нешто како…Тоа се само зборови, знаеш? Мислам дека во живо е малку поинаку“, вели еден од нив. „Мислам дека на интернет се сосредоточувате на тоа што другата личност го сака, па така само барате – има ли некој кој би го сакал тоа што и јас го сакам? И тогаш `бам` – ајде да направиме тоа да се случи.“

Џеси потоа ја тестирала оваа теорија седнувајќи крај него и терајќи го истото што ѝ го напишал да и го каже во живо, при што тој бил видно посрамен.

pr05

„Мислам дека многу од овие момци само се занесуваат со нивната перверзна игра“, вели Џеси. „Но, кога ги запознав вечерва, тие повеќето се фини типови кои се осамени и исто така бараат љубов. Посакувам да ја беа истакнале нивната личност на интернет, наместо да се прават перверзни.“

Сепак, треба да се внимамва со кого се комуницира на интернет, бидејќи тие што се перверзни онлајн, можат да бидат перверзни и во живо, а некои од нив и опасни.

Сподели на Facebook
пати видено