Влегува маж во берберница и го прашува берберот:
– Колку ќе треба да почекам за да ме потстрижете?
– Па, околу два часа.
Човекот си тргнал. Истото се повторило и следниот ден. Третиот ден – пак истото. Берберот бил љубопитен и го испратил чиракот да го следи клиентот да види каде оди, кој е и зошто не може да чека. По десетина минути чиракот се вратил, видно загрижен.
Берберот:
– Е, виде ли каде отиде?
– Па… да… видов, отиде кај вас дома…