„Ова е мојот 2-годишен син Џек Џек. Тој не знаеше ниту еден од ликовите на Дизни се до патувањето во Дизниленд во ноември. Како што гледате, тој има аутизам и не воспоставува вербална комуникација. Тој е многу срамежлив со луѓето што не ги познава. ТОГАШ… тој ја запозна Снежана. Ми потекоа солзи радосници гледајќи го како прв пат има интеракција со непозната личност. Тој беше заљубен.“ – вели неговата мајка.