Петнаесетгодишник од Честерфилд се разбудил од деветдневна кома жестоко пцуејќи и почнал да јаде цели пити кашкавал. Докторите морале да го стават Каи Томас во кома додека минатата година закрепнувал од излив на крв во мозокот, и иако успеал да си ја поврати способноста да се движи и да зборува, му останале два многу чудни странични ефекти.
„Зависен е од кашкавал и не може да престане да пцуе“, споделува неговата мајка Трејси. „Еден ден бев во кујната, кога го слушнав Каи како вика во неговата соба. Тој врескае зборови како `е*и се, копиле, с*ање`. Се зачудив, што ли по ѓаволите се случува – пцовките беа сочни и се редеа една по друга.“
Се упатила горе по скалите и го нашла својот син како јаде пита кашкавал. Оттогаш почнала да забележува дека сѐ повеќе кашкавал ѝ исчезнува од фрижидерот.
„Тој отсекогаш го сакал кашкавалот, но сега е опседнат со него, дури почна да го додава и во своите житарки“, вели г-ѓа Томас. „Го прашавме докторот, кој ни кажа дека е сосема нормално чуѓето да развијат несоодветно или агресивно однесување по будењето од кома. И така, тоа го објаснува пцуењето, но никој не може да го објасни тоа со кашкавалот.“
Томас сега оди на терапија и неговата состојба постепено се подобрува.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!