Петнаесетгодишно момче – генијалец тврди дека открило заборавен град на Маите со помош на сателитски фотографии и мајанска астрономија. Вилијам Гедори од Квебек ја поставил теоријата дека Маите ја бирале местоположбата на нивните градови според соѕвездијата. Тој открил дека градовите на маите се поклопуваат со поголемите соѕвездија определени во астрономијата на древната цивилизација. Проучувајќи ја мапата подетално, тој нашол дека едно соѕвездие сочинето од три ѕвезди не се поклопува со својот соодветен град, т.е. дека еден град недостига.
Употребувајќи сателитски снимки од Канадската вселенска агенција, коишто потоа ги мапирал на Гугл Ерт, тој го лоцирал местото кадешто би требало да се наоѓа градот кој недостасува. Вилијам сѐ уште неистражениот град во Јукатанската џунгла го нарекол К`аак Чи, или Огнена Уста. Даниел Де Лисле од Канадската вселенска агенција вели дека областа била тешка за истражување поради густата вегетација. Но, сателитските снимки од областа покажале линеарни карактеристики кои „штрчеле“.
„Има линеарни особености кои сугерираат дека под големите крошни има нешто“, вели тој. „Има доволно нешта кои посочуваат дека тоа би можело да биде структура направена од човечка рака.“
Д-р Арман Ла Рок од Универзитетот на Њу Брунсквик вели дека една од сликите покажала улична мрежа и голем квадрат кој би можел да е основа на пирамида. „Квадратот не е природен, најчесто е вештачка форма и тешко дека би можел да се припише на природен феномен“, вели тој. „Ако сето ова го срочиме заедно, имаме доста показатели дека во таа област можеби се наоѓа изгубен град на Маите.“
Д-р Ла Рок кажал дека откритието на Вилијам би можело да ги насочи археолозите да најдат и други мајански градови употребувајќи слични техники. Неговото откритие ќе биде објавено во научен журнал и тој ќе ги претстави своите откритија на Меѓународниот саем на науката кој ќе се одржи во 2017 година во Бразил.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.