Родителите на момченце од Кина не можат да си ја дозволат потребната операција за состојбата на нивниот син. Детето се родило со шеснаесет прсти на рацете и петнаесет прсти на нозете. Хонг Хонг, кој е стар четири месеци, страда од нарушувањето наречено полидактилизам, вродена аномалија која му е пренесена од неговата мајка. Полидактилијата е наследна особина и ако еден од родителите ја поседува, има педесет отсто изгледи дека и детето ќе биде родено со истата состојба.

hh

Мајката на Хонг Хонг има по шест прсти на рацете и нозете. Според локалните медиуми, родителите на детето биле загрижени дека тоа ќе го наследи нарушувањето и направиле многу преднатални снимања во обид да дознаат дали ќе биде така уште пред да се роди. Но, четиридимензионалниот ултразвучен тест не покажал никакви проблеми. Се верува дека полидактилијата погодува секој втор од илјада луѓе во Кина, според Американскиот ортопедски журнал, при што во многу случаи со проблемот се справува при раѓањето. Но, ситуацијата на Хонг Хонг е многу сложена и тоа не е возможно.

Иако се смета дека вишокот прсти би можеле да се отстранат, хируршката интервенција е скапа и може да се покаже како тешка бидејќи треба да му се направат палци на детето, бидејќи сега е без палци на двете раце, на кои има по петнаесет прсти и по две дланки. Операцијата би можела да чини до 200 000 кинески јуани – повеќе од 25 300 евра. Родителите на Хонг Хонг се обратиле на интернет за помош, и собрале повеќеод 40 000 јуани преку донации. Но, решиле да го прекинат тој начин на прибирање помош, поради најразличните коментари кои биле упатувани кон нив.

Хонг Хонг е сѐ уште премал за операција, и не се знае што точно ќе се случи со него и дали некогаш ќе може да го добие соодветнот третман кој му е неопходен.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено