Поправањето на скршена ваза може да биде тешко и често крајниот резултат е незадоволителен. Ретките талентирани луѓе можат да поправат без никаков проблем, но повеќето од нас ќе го направат тоа толку несмасно, што ќе посакаме да ја фрлиме вазата. И би го сториле тоа, доколку рацете не ни се целите со супер лепило.
Но, кое и да е нивото на вашата умешност, најверојатно не е ни одблизу на вештините на Шарлот Бејли. Оваа уметница од Брајтон ги претвора скршените вази во вистински уметнички дела, по образецот на традиционалната јапонска техника позната како Кинтсуги. Изворно се употребувало злато, сребро и платина за лепење на скршените парчиња, но Шарлот првин ги завиткува парчињата со ткаенина, и потоа ги шие со употребувајќи нишки од злато. Вазата повеќе не е функционална, но кога ќе ги погледнете резултатите, тоа е последното нешто за што ќе се грижите.