Ползечки тепих од 75 000 змии на простор колку една просечна дневна соба! Тешко дека би посакале и да се приближите на некое такво место, но тоа навистина се случува и посетители од целиот свет присуствуваат на невообичаената ревија на змии во далечното селце Нарцис во Манитоба, Канада.

Врвот на „појавувањето“ како што е наречен настанот на веб страницата на провинцијата се очекува да се случи овој викенд. Во изминатата недела и пол, гостите во областа имаа можност да видат знаци за тоа што претстои да се случи. Илјадници змии постепено се будат од осуммесечниот сон во нивните подземни змиски гнезда. Се склопчуваат во замрсени јазли со една единствена цел: размножување.

zm

Во текот на зимата, змиите бараат засолниште од смрзнувачките температури во варовничките пештери во канадскиот регион Интерлејк. Преживуваат благодарение на складираните маснотии, а кога ќе се стопли времето, излегуваат на површината.

„Кога би се разбудил по осум месеци минати под земја, не знам за вас, но јас би посакал голем хамбургер или богат ручек“, вели Боб Мејсон, репродуктивен биолог во Државниот универзитет на Орегон, кој ги проучува овие змии. Но,првото нешто на агендата на змиите е секс. Мажјаците први се излеваат од јазбините и следните неколку недели чекаат женките полека да исползат.

„Штом таа ќе се појави на тлото, на некој начин е преплавена од сите нив“, вели Даг Коликат, локален биолог. Во ова море од змии, не е лесно да се најде женка, и покрај тоа што таа е три до четири пати поголема од мажјаците. Понекогаш соодносот на мажјаците и женките достигнува 10 000 на 1.

„Замислете си да се обидувате да најдете една шпагета во купче шпагети кое се движи!“ вели д-р Мејсон. Поради тоа, змиите се раководат според мирисот. Женките испуштаат феромони од нивната кожа, намамувајќи стотици мажјаци да се обидуваат да ѝ се додворат со триење на нивните муцки по нејзиниот грб и со допирање на јазиците. Таа на крајот решава дали е подготвена за парење преку мистериозниот механизам наречен „шифриран женски избор“.

Најблискиот мажјак добива и остава смрдлив вметок во неа што на другите мажјаци им сигнализира да се губат. Таа може да почека неколку дни затката во неа да се распадне и да се пари со друг мажјак, или може да исползи во мочуриштето да се храни, за во август да ги роди змијчињата. Женката змија може да ја складира машката сперма сѐ додека не е доволно здрава за размножување, тврди д-р Мејсон, кој документирал случај женка да донесе на свет мали змијчиња седум години по парењето.

До јуни, веќе нема змии во дупките, но тие се враќаат во септемвр – освен младенчињата. Од 250 000 змии кои ќе се родат секое лето, ниту едно не се враќа во јазбините за време на есента. Со векови се мисли дека ти зимата ја минуваат во џиновските мравјалници во областа, но д-р Мејсон мисли дека суштествата се смрзнуваат и оживуваат како шумските жаби. Тој нема доказ за тоа, но вели дека се надева дека ќе го докаже истото пред да се пензионира.

Сподели на Facebook
пати видено