Изгубените артефакти од потонатите градови наречени „египетска Атлантида“ за првпат ќе бидат поставени заедно откако биле под вода повеќеод илјада години. Огромни статуи, златен накит и плочи со хиероглифи, за кои се стравувало дека се засекогаш изгубени, биле извадени од морето и кон крајот на месецот ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на голема изложба организирана од страна на Британскиот музеј.
Древните текстови го бележат постоењето на овие населби, коишто биле портата кон внатрешноста на Египет, пред основањето и воздигнувањето на градот Александрија. Но, двата значајни трговски центри биле загубени – и тоа буквално – во песокот на времето, сѐ до нивното случајно наоѓање во 1996 година. Нуркачите во устието на реката Нил ги откопале богатствата и потрошиле речиси две десетлетија макотрпно извлекувајќи ги надвор од длабочините.
Како најистакнати во збирката се вклучени една хиероглифска плоча од 1,9 метри испишана со кралска декларација од фараонот Нектанебо I и 5,4 метарска стуа на Хапи, египетски бог кој ги олицетворува полавите на реката Нил. Изложбата, наречена „Потонати градови: изгубениот свет на Египет“, ќе биде отворена од 9 мај до ноември годинава.
Покрај нив, меѓу другите скапоцености кои ќе бидат изложени спаѓа и една статуа на Арсиное II, кралица од династијата на Птоломеите, која била основана со распадот на империјата на Александар III Македонски. Френк Годио, претседателот на Европскиот институт за подводна археологија и кустос на изложбата изјавува:
„Мојот тим и јас, како и фондацијата Хилти, сме воодушевени што откритијата од нашите подводни археолошки експедиции на египетското крајбрежје ќе бидат изложени во Британскиот музеј. Тоа ни овозможува со јавноста да ги споделиме резултатите од долги години работа во потонатите градови, како и нашата фасцинираност од древните светови и цивилизации.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.