Кога го употребувате Гугл, го правите тоа под извесни услови. Бесплатно можете употребувате услугите како Џимејл, Драјв, Јутјуб и Гугл мапс како и Гугл пребарувачот. Во замена, се согласувате да споделувате ваши податоци коишто Гугл ги споделува со рекламните агенции, за нивните реклами да бидат поефективни.

Гугл употребува многу методи за да научи за вас. Многу нешта за себе кажувате уште кога отворате профл на Џимејл или кога го употребувате вашиот Андроид телефон. Тука спаѓаат вашето име, телефонски број, местоположбата итн. Но, Гугл исто така ги набљудува и вашите активности на интернет, носејќи заклучоци од вашите интернет пребарувања – што пребарувате? На што кликате – од вашата употреба на другите услуги на Гугл како и другите веб страници кои ги посетувате.

gg01

Преку посетата на тешко наодливата страница наречена „Web & App Activity“, можете да видите што е тоа што Гугл го гледа. Потоа, со посета на страницата наречана „Ads Settings“ можете да видите што Гугл мисли дека знае за вас, и можете да ги промените податоците за вас, кои им се праќаат на рекламните агенции.

Да се пронајде вашата „Web & App Activity“ страница не е толку лесно. Треба да сте најавени на Гугл за да можете да ја видите. Штом ќе се најавите, појдете на https://history.google.com/history/ и кликнете на „all time“.

gg02

Ова ќе ве одведе на една долга листа на сите веб страници кои сте ги посетувале. Можете да ги избришете, но нема да е лесно. Гугл ви дозволува да ја бришете историјата ден по ден. Ќе ви треба цела вечност да ја избришете историјата која сте ја создавале со години, но сепак можете да се обидете и така. Кликнете на „денес“ (today) и потоа кликнете го копчето „избриши“ (delete) на почетокот на страницата.

gg03

Гугл ќе ве предупредува дали навистина сакате да ги избришете тие податоци. Гугл не би сакал да ги избришете, се разбира, но ако го сторите тоа, нема да се расипе интернетот, ниту вашата сметка.

Потоа, кликнете на копчето за мени на горниот лев агол на екранот.

gg04

Овде ќе ги најдете линковите за сите ваши гласовни записи, податоци за уредот, местоположбата како и историјата на Јутјуб.
Ако кликнете на „location history“ во менито, тоа ќе ве одведе на веб страница со мапа, која прикажува каде сѐ сте патувале, користејќи ги Гугл Мапс или други услуги за местоположба. Клинете на копчето за поставки во долниот десен агол.

gg05

Оттука ќе можете да ги избришете сите ваши локациски податоци, доколки го сакате тоа. Но, ако навистина сакате да видите кои сѐ податоци Гугл ги собрал за вас, кликнете на „download a copy of all your data“. На оваа страница за превземање можете да ѝ пристапите и во од страницата за нагодувања на вашата сметка (account settings). Кликнете на „избери сѐ“ (select all), потоа појдете на дното на страницата и изберете „следно“ (next).

Изберете го видот на архивирање. Препорачуваме да изберете .zip бидејќи тој вид на датотека најлесно се отвара на сите оперативни системи, а потоа изберете каде ќе ја снимите датотеката. Гугл предупредува дека праќањето на архивите преку електронска пошта може да потрае сео часови или дури и денови. Ќе ви треба многу трпеливост.

Додека чекате, можете да истражите што се споделува на рекламните агенции за вас. Додека сте најавени, појдет на било која Гугл услуга и кликнете на вашата профилна икона. Потоа кликнете на „мојата сметка“ (my account).

gg06

Ова ќе ве одведе на страницата за поставки на сметката. Од лево, опцијата „activity controls“ ви овозможува да ги истражите дневните информации кои Гугл ги снима за вас. „Control your content“ ви овозможува да ги превземете сите ваши податоци. Но, овојпат кликнете на „ads settings“ и потоа појдете надолу и кликнете на „manage ad settings“.Овде ќе видите што сѐ Гугл мисли дека ве интересира.

gg07

Појдете надолу и кликнете на „control signed-out ads“ кадешто ќе можете да ги исклучите „рекламите врз основа на интересирање“, т.е. interest-based ads, барем за пребарувачот кој во моментот го користите, што значи дека Гугл нема да споделува информации за вас на рекламните аганции. Или едноставно би можеле да ја користите пребарувачката машина DuckDuckGo наместо Гугл, којашто ветува дека нема да ги следи вашите активности.

gg08

Сподели на Facebook
пати видено