Познат како Валкири, роботот на НАСА ќе може да помогне за основањето на колонија за првата човечка мисија на Марс. Впечатливиот робот кој е висок речиси 1.82 метри и тежок над 127 килограми, изгледа како нешто што излегло од сценографија за научно-фантастичен филм. Дизајниран за употреба на идни мисии на Марс, роботот се развива како дело на соработка помеѓу НАСА и два универзитета, при што научниците работат на подобрување и на способностите на роботот за чекорење и ракување со нешта, како и капациетот за интеракција со своите човечки колеги.

rb

„Валкири е огромен научен потфат“, вели проф. Сетху Вијакумар. „Се стремиме да се справиме со многу технолошки предизвици во врска со дизајнот на голем робот, и ја унапредуваме технологијата на хуманоидната роботика.“

Крајната цел е да се испратат роботи на Марс кои ќе ги основаат и одржуваат првите колонии пред пристигнувањето на првите астронаути.

 

Сподели на Facebook
пати видено