Жерар Адријан Хајнекен имал визија своето премиум пиво да го издвои од вообичаените пива во шишиња со кафена боја. Сметал дека овапиво родено во Амстердам, а одгледано од целиот свет, сотолку јасен, свеж и природен карактер, најдобро ќе се идентификува со зелена боја. Зеленото шише стана култно обележје на Heineken, а црвената ѕвезда, средновековниот симбол на пиварите и натаму опстојува како основен елемент, но во новиот дизајн на пакувањето е уште повидлива и поважна, како симбол на гордоста и смелоста на ова премиум пиво.
Промената на визуелниот идентитет на Heineken на глобално ниво како резултат на еволуцијата на брендот ја донесе Heineken лименката со нов визуелен идентитет први во свет во рацете да ја имаме ние,Македонците.
И во оваа еволуција на дизајнот, зелената боја е уште поистакната и попрефинета, дури и знамето, за кое се користеше црна боја, сега е зелено. Ѕвездата e уште позабележлива и со повеќе гордост и доверба го покажува квалитетот, симболот на Хајнекен.
Многу детали се прилагодени на многу суптилен начин и ја нагласуваат прогресивната природа на брендот, зајакнувајќи ја неговата култна позиција, притоа останувајќи верен на своите автентични корени.
„Ова премиум пиво се точи повеќе од 140 години, а дневно се пијат 25 милиони Heineken-а во 192 земји во светот. Heineken секогаш бил предводник на промените, оној кој ја диктира играта и воведува нови правила, а потрошувачите ја препознаваат и ја наградуваат таа особеност . Тоа го потврдува и истражувањето од „Brand Health Tracker-отспроведено од компанијата TNS“,кој го идентификува Heinekenкако најпосакуваниот интернационален пивски премиум бренд во Македонија. Среќни сме и горди што токму Македонските потрошувачи први во светот ќе го видат Heinekeн во нова амбалажа“ – изјави Душко Атанасовски, Сениор Бренд Менаџерво Пивара Скопје.
“Heineken е толку препознатлив по својот дизајн уште од 19 век, пред бренд-дизајнот воопшто и да постои. Секоја деценија, секој чекор во еволуцијата на дизајнот, одново ја издигнува прогресивната и култна вредност на брендот. Heineken не ги инспирира само потрошувачите, туку нé инспирира и нас што го живееме и го сакаме. Тоа е таа вистинска моќ на брендот. Луѓето ја чувствуваат нашата посветеност и страст за пивото, за уживањето, нашата жар во креирањето и на најмалите детали од логото на Heinekeн и секако во Heineken“ – изјави Марк Ван Итерсон, Глобален Директор за дизајн на Heineken.
Во согласност со својата бренд-филозофија Heineken постојано инсистира на иновативен пристап кон пазарот и кон потрошувачите.
Страста за квалитет, Уживањето и Почитувањето на индивидуите, општеството и на планетата, со што ја одржува и одново ја потврдува титулата на водечко премиум пиво.