Оваа восхитувачка велосипедска патека во Нуенен, Холандија, само што беше откриена од Studio Roosegaarde, лабораторија за социјален дизајн која се воздигнала со нивните истражувања на преплетувањето на луѓето, уметноста, јавниот простор и технологијата, а најмногу преку проектот „Smart Highways“ кој може да ја промени иднината на сообраќајот, намалувајќи ги потенцијалните сообраќајни несреќи до минимум. Овие спирални облици на патеката долга 1 километар биле инспирирани од сликарот Винсент Ван Гог (кој во Нуенен живеел од 1883 до 1885 г.). Се работи за специјална боја која преку ден се полни со сончева енергија, а навечер засветлува, давајќи ѝ на патеката волшебен изглед.

van-1

van-2

van-3

van-4

van-5

van-6

van-7

van-8

Сподели на Facebook
пати видено