22 годишната Рафаела Равена од Сао Паоло сите ја зафркавале и ја викале „дебелата“, а тоа многу ја погодувало. После една година напорно вежбање и здрава исхрана, Рафаела успеала да ослаби 15кг и сега на 23 години, таа има само 10% телесни маснотии и веќе успешна кариера како фитнес модел. Но, зафрканциите на нејзина сметка не престанаа. Неодамна пак почнаа да ја зафркаваат дека го постигнала тоа со помош на стероиди и дроги. И оваа новонастаната ситуација Рафаела успеа да ја сврти во своја полза така што јавно ги покажа резултатите од тестот и јавно ги предизвика своите конкурентки да го направат истото.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.