Научниците сега веруваат дека свеста и поединечното искуство можеби се честа појава кај инсектите. Мислењето дека инсектите имаат само некаква основа претстава за светот можеби наскоро ќе се промени, благодарение на нова научна статија објавена од научници од универзитетот Маквори. Резултатите од студијата сугерираат дека инсектите не само што се свесни за себе и за светот околу себе, туку покажуваат и егоцентрично однесување – нешто што можеби се појавило пред повеќе од 500 милиони години во Камбриумот.

pc

„Кога јас и вие сме гладни, не одиме кон храната автоматски, туку имаме и особено чувство поврзано со тоа“, вели коавторот и философ д-р Колин Клајн.

„Организмот има субјективно искуство ако нивните ментални состојби имаат чувство на нешто додека се случуваат.“

Истражувачите ги сосредоточиле нивните истражувања он средниот мозок, дел од мозокот кој е одговорен за свеста и кој се чини дека и кај инсектите функционира на сличен начин како кај луѓето. Но тоа не значи дека свесните искуства на инсектите ќе бидат исти како нашите.

„Нивното доживување на светот не е толку богато и детално како нашето – нашиот голем неокортекс додава нешто на животот!“ пишуваат научниците. „Но, сепак, да се биде пчела си има некое свое чувство.“

Сподели на Facebook
пати видено