Ова е возрасна крава браман. Тие можат да достигнат тежина до 680 килограми и височина до 180 сантиметри. Ова не е животно кое би очекувале да го видите во вашата куќа, зар не?
Но телето Берил го извело токму тој трик! Одгледано заедно со две кучиња, ова теле си мисли дека е домашно милениче…и тоа толку е цврсто убедено што еден ден се вовлекло во домот на нејзината сопственичка и си седнала во дневната соба. Замислете си го изненадувањето кое жената го доживеала кога ја видела Берил како се одмара на удобниот килим! Но, бидејќи Берил пораснала на фарма со две кучиња и цело време била третирана како милениче, таа мисли дека местото ѝ е во куќата, заедно со сите други.
Таа постојано бара начини дасе прикраде во куќата. И така, еден ден нејзината сопственичка Сали Вебстер влегла во дневната соба и ја здогледала Берил, како стрпливо ја чека.
Но, Берил се однесувала изненадувачки пристојно. Не скршила ништо, и не направила никаков неред. Само си лежела на тепихот, уживајќи си.
Вебстер вели дека Берил е умна и дека секогаш кога ќе види вратата отворена, си влегува во куќата.
Сопственичката ова однесување, покрај тоа што била израсната во друштво со две кучиња, го припишува и на фактот што како мала ѝ давале ќебе. Со тоа се објаснува нејзината наклоност кон килимите и внатрешноста на куќата.
Но, наскоро Берил ќе мора да научи дека местото ѝ е надвор. Но, тоа не значи дека нејзиното семејство ќе престане да ја посетува.